Познато е колку заработи Динамо и колкава клаузула има Олмо во Барселона

Дани Олмо (26) е нов играч на Барселона. Поранешниот играч на Динамо, а сега на РБ Лајпциг вчера потпиша договор до 2030 година со каталонскиот клуб. РБ Лајпциг ќе добие 55 милиони евра и бонуси во висина од седум милиони евра. Барселона во договорот вметна клаузула за обештетување од дури 500 милиони евра.

Во летото 2014 година, како 16-годишник, Олмо без обештетување дојде од Барселона во Динамо Загреб. Пет и пол години подоцна, зимата 2020 година, Динамо го продаде на Лајпциг за 29 милиони евра. Дополнително, шампионот на Хрватска во договорот вклучи и клаузула според која има право и на 20 отсто од заработката што ќе ја има германскиот клуб во случај на следната продажба на фудбалерот. 

Лајпциг го продаде на Барселона за фиксни 55 милиони евра. Дури и да не се остварат бонусите, профитот на Лајпциг ќе изнесува 26 милиони евра. Од тој износ, на Динамо му припаѓа 20%, или 5,2 милиони евра.

Се вчитува...