Со денешниот Комјунити Шилд започнува новата сезона во Англија во која Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се борат за трофејот „Суперкуп“ на Англија.
Во пресрет на овој натпревар се одржа прес-конференција на која Пеп Гвардиола беше запрашан дали е загрижен што неговите ривали Јунајтед и Арсенал летово трошат премногу пари на засилувања.
Одговорот на Пеп брзо стана хит на социјалните мрежи.
„Тоа го прават многу, многу години. Сепак, тоа никогаш не било вест. Ново е само кога Манчестер Сити троши пари. Кога ние се засилуваме, трошиме пари, а кога купуваат играчи нашите ривали, тоа е засилување на тимот. Секако дека сум загрижен што се засилија. Тие прават се да го освојат трофејот што ние го осовојуваме четири години“, рече Гвардиола и продолжи:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА