Кадетите загубија од Полска и завршија како последни во групата

Македонската кадетска ракометна репрезентација, го запиша и третиот пораз на М18 ЕХФ шампионатот, и заврши на последното место во групата.

Претходно Македонија беше поразена од Франција и од Германија, а денеска подобра селекција од нашите кадети беше и Полска, која запиша два порази во претходните два меча.

Македонските кадети потфрлија, уште на почетокот имаа негатива од четири разлика, која на крајот се покажа како недостижна.

Шансата за пресврт не беше искористена во вториот дел, па така сега на Македонија и останува да разигрува за пласман од 17 до 24 место.

Се вчитува...