Данди Јунајтед на македонски „погон“: Ако не Трапановски, тогаш стрела Бабунски (ВИДЕО)

Екипата на Данди Јунајтед одигра нерешено во второто коло од шкотскиот шампионат. Тимот на гостински терен беше пред победа над Рос Каунти на гости, но домашните во последните мигови од средбата се спаси. Голот за предност на Данди беше дело на Давид Бабунски.

Со тоа Македонците имаат одличен старт на сезоната во Шкотска. Во минатото коло стрелаше Кристијан Трапановски, а тој беше прогласен за играч на натпреварот, а се најде и во тимот на колото.

Бабунски го напушти теренот во 80. минута од средбата, а минута подоцна беше заменет и Трапановски.

Во шкотскиот шампионат денеска играше уште еден играч. Давор Здравковски беше стартер за Мадервил против Глазгов Ренџерс и беше на теренот до 76. минута.

Се вчитува...