Фудбалерките на САД стигнаа до злато во Париз

Женската фудбалска репрезентација на САД, го освои златниот медал на ЛОИ во Париз, откако денеска во финалето беа подобри од Бразил со 1-0.

Стрелец на единствениот гол беше Свансон на стартот од вториот дел. Иако Бразил се обиде да се врати, сепак, не успеа во тоа.

Ова беше последен натпревар за легендарната бразилска фудбалерка Марта, која своето пензионирање не успеа да го круниса со златен медал.

Се вчитува...