Кениската атлетичарка Фејт Кипјегон го одбрани златниот медал на 1.500 метри на Олимписките игри во Париз.
Кипјегон победи со нов олимписки рекорд од 3:51,29 минути. Австралијката Џесика Хул освои сребро со 3:52,56 минути, а Британката Џорџија Бел со 3:52,61 минути бронза, што е нов национален рекорд.
Кипјегон го освои својот трет последователен олимписки медал на 1.500 метри, по Токио и Рио де Жанеиро.
Тоа е нејзин втор медал во Париз, по среброто во трката на 5.000 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА