Мициќ: Јокиќ ме направи 30% подобар кошаркар

Василије Мициќ изјави дека олимписката бронза е најголемата работа што му се случила во кариерата. Србите успеаја да го освојат третото место на Олимписките игри, откако во „малото финале“ ја совладаа ГЕрманија.

Мициќ беше дел од генерацијата која го освои среброто на ЕП 2017 година. Тој се заблагодари на Јокиќ.

„Будесто утрово никогаш не ми било потешко, но вредеше, за медалот. Имаме одличен тим, би било добро да продолжиме заедно, и да се обидеме да дојдеме до злато. Јокиќ? Ме направи 30% подобар кошаркар. Со неговото однесување во изминатиот повеќе од еден месец. Тој е неверојатен, и му симнувам капа“, рече Мициќ.

Се вчитува...