Неверојатната Сифан Хасан до златниот медал на женскиот маратон во Париз

Холандската атлетичарка Сифан Хасан стигна до златниот медал на женскиот маратон на Летните олимписки игри во Париз. Холанѓанката до златото стигна со време од 2:22:55 часа што е нов олимписки рекорд.

Сребрениот медал и припадна на Етиопијката, Тигст Асефа која доцнеше само три секунди зад златната Хасан. Подиумот го надополни атлетичарката од Кенија, Хелен Обири која заврши со време од 2:23:10 часа.

За потсетување Хасан на оваа олимпијада освои уште два медали. Бронза на трката на 5.000 метри и на 10.000 метри.

Се вчитува...