Црногорските фудбалски клубови ова лето мака мачат со организацијата на домашните натпревари во Европа бидејќи во моментов речиси ниту еден стадион не ги задоволува стандардите на УЕФА.
Звучи неверојатно што на четири односно шест дена пред реваншот од 3. коло од квалификациите за Конференциската лига се уште не е познато каде Морнар и Дечиќ ќе ги пречекаат своите ривали Пакс и Хелсинки.
Барани веќе во вторник ќе одиграат реванш со Унгарците во рамките на 3. квалификациско коло за Конференциската лига, додека Дечиќ во четврток во истото натпреварување играат против Финците.
Сè што сега е познато и сигурно пред тие два натпревари е дека и двајцата ќе играат како домаќини – каде и да е тоа. Како прва опција се споменува Албанија, која има неколку стадиони на кои може да се играат европски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА