Србија ја освои бронзата на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри. Никола Јокиќ и согирачите одиграа турнир за паметење, во кој дури 37 минути го имаа во рака и „дрим-тимот“ на САД.
Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ на прес-конференција на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ ја истакна важноста на натпреварите пред оние за медали. Како што вели според него најтежок меч бил тој против репрезентацијата на Јужен Судан во групната фаза.
„Знам дека се паметат само последните натпревари, но… Можеби најтешкиот натпревар во мојот живот беше против Јужен Судан. Оттогаш почна трошењето. После тоа губевме од Австралија со 24 разлика. Тие добиени утакмици се земаат несериозно, најголемото внимание беше против Американците, но ние спортистите најдобро знаеме низ што поминавме. Не прави посилни и не обедини мечот со Јужен Судан“, објасни Богдановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

