Репрезентацијата на Србија е освојувач на златниот медал на машкиот ватерполо турнир на Летните олимписки игри во Париз откако во балканското дерби во финалето славеа над репрезентацијата на Хрватска со 13-11.
Селекторот на Хрватска, Ивица Туцак по мечот му честиташе на победникот, а изјави дека можеш да се радуваш на злато или бронза, но не и на сребро.
„И честитам на српската репрезентација која беше подобриот противник денеска, во тоа нема сомнеж. Беа поконцентрирани од првиот момент. Влеговме збунети, многу грешки, пред се во одбраната, а потоа и во нападот. Трофеите се освојуваат со одбрана, а не со напад. Останува големо жалење и тага и тоа е тоа. Можеш да се радуваш на злато или бронза, но не и на сребро“, изјави хрватскиот селектор Ивица Туцак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

