Пикси на специјален начин им честиташе на ватерполистите на Србија!

Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси им го честиташе златниот медал на Олимписките игри во Париз на ватерполистите.

Со победата против Хрватска во финалето на олимпискиот турнир со резултат 13-11, српските ватерполисти трет пат по ред го освоија златниот медал.

Овој голем успех не остана незабележан од Стојковиќ кој на својот Инстаграм профил им честиташе на српската ватерполо репрезентација.

„Браво мајстори! Се гордееме со вас! Искрени честитки за големиот успех!“, напиша Пикси.

Се вчитува...