Неверојатно шоу за крај на Летните олимписки игри во Париз

Со церемонијата на свеченото затворање на „Стад де франс“ во Сен Дени и официјално беа затворени Летните олимписки игри во Париз. Маестрално и спектакуларно затворање на игрите кои што како никогаш досега беа посетени се случи во француската престолнина.

Француската делегација го предаде олимпиското знаме на САД и Лос Анџелес каде ќе се одржат следните ЛОИ во 2028 година. Спектаклот ја доживеа својата кулминација кога на „Стад де Франс“ се појави Том Круз, во стилот на неговите улоги во „Невозможна мисија“.

САД стигна до 40 златни медали на овие игри и со тоа се израмни на врвот на табелата по ова достигнување со Кина. Иако имаат исто златни, најуспешна нација на игрите ќе бидат Американците, бидејќи вкупно имаат 126 медали, односно 35 повеќе од Кинезите кои на крајот ќе се задоволат со второто место.

Јапонија со две злата последниот ден во борење на крај завршува како трета сила со вкупно 45 медали, од кои 20 златни. Во топ се уште и Австралија со 18 златни медали и домаќинот Франција со 16 најсјајни одличја.

Македонија по среброто на Дејан Георгиевски во Токио и бронзениот медал на Могамед Ибрагимов во Сиднеј 2000 година, не успеа да стигне до својот трет медал на најголемите спортски смотри.

Се вчитува...