Јокиќ во Сомбор доби нов повод за славје

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ по успешниот настап со репрезентацијата на Летните олимписки игри кои се одржаа во Париз каде нашиот северен сосед стигна до бронзениот медал се врати во родниот Сомобор каде вчера имаше нов повод за славје.

Родниот град на Јокиќ беше домаќин на коњски трки каде неговиот Флеш деи Грепи ја заврши трката долга 1700 метри од автостарт со време од 1:16.2 што беше за девет десетинки подобро време од второпласираниот натпреварувач.

Со тоа го освои јубилејниот 60-ти пехар Сомброски новини.

Се вчитува...