Српските ватерполисти не знаат како се губи финале

Српската ватерполо репрезентација се враќа со златен медал од Летните олимписки игри во Париз откако славеше над Хрватска во големото балканско дерби кое го одбележа финалето со 13-11.

За српските „делфини“ тоа беше 16. финале и воедно 16. победа, продолжувајќи ја неверојатната низа која трае од 2011 година.

Оттогаш Србите триумфираа на четири Европски првенства, шест Светски лиги, еден Светски куп и Светско првенство и Медитерански игри и три Олимписки игри.

Се вчитува...