Фановите на Хајдук бесни на Перишиќ: Ѓубре заминуваj и никогаш не се враќај во Сплит

Тренерот на Хајдук Сплит, Џенаро Гатузо го отстрани Иван Перишиќ од тимот за неделното гостување кај Локомотива по што на пресконференцијата за медиуми по средбата која заврши со 1-1 откри дека оваа одлука доаѓа по желбата на искусниот Хрват да го напушти тимот.

Ова тврдење на италијанскиот стратег ги разбесни навивачите на Хајдук кои на социјалната мрежа „Инстаграм“ го нападнаа доскорешниот миленик со погрдни коментари нарекувајќи го предавник и му се заканија да не се враќа повеќе во Сплит.

„Знаев дека си ѓубре, но толкаво… Тоа е страшно. Бог се гледа, казната ја плаќаат невините. Среќен пат“

„Оди и не се враќај повеќе во Сплит“

„Ѓубре невидено, од**би од Далмација, од**би од Хајдук“, се дел од коментарите кои можат да се најдат на објавата.

Навивачите на Динамо Загреб пак ја користат ситуацијта да се насладат на маките на најголемиот ривал и го повикаа да го засили клубот од главниот град.

„Иване, дојди во најголемиот хрватски клуб. Ние во Загреб ги цениме големи играчи каков што си ти. А на овие приглупи дебили кои го навредуваат овој човек кој даде, а можеби ќе даде и повеќе за хрватскиот фудбал треба да им биде срам“

Перишиќ се врати во Хајдук Сплит каде што настапуваше како младинец изминатата зима со цел рехабилитација од тешката повреда и операција со цел да биде во оптимална состојба за настап на Европското првенство.

Се вчитува...