Трансферот на Миовски во Жирона носи нов рекорд за Абердин

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по две години поминати во шкотскиот Абердин ова лето ќе ги промени клупски бои и во иднина ќе го носи дресот на Жирона со која ќе настапи и во Лигата на Шампионите.

Голгетерот беше желба на повеќе тимови од топ 5 првенствата на „стариот континент“, но сензацијата на минатата сезона во шпанскиот фудбал беше најконкретна во преговорите со што е постигнат договор за реализација на трансферот кој според „Дејли мејл“ ќе биде завршен во следните 48 часа.

А, пак тој ќе донесе и ново рекордно заминување за Абердин. Очекувањата се дека трансферот ќе биде во вредност од 8.1 милиони евра што е речиси двојно повеќе отколку досегашниот рекорд на Калвин Ремзи кој за 4.9 милиони евра премина во редовите на Ливерпул.

Миовски кој постигна 44 голови во 97 натпревари во црвениот дрес веќе и емотивно се збогуваше со навивачите на Абердин, а пак тие му се заблагодарија со порака дека вечно ќе остане во нивните срца.

Се вчитува...