Нико Вилијамс е голема трансфер желба на Барселона, но за премин на младиот 22-годишен напаѓач во каталонските редови нема да биде доволна само желбата на Жоан Лапорта за негов ангажман.
Ултиматумот кој го постави Барселона до овој фудбалер – да потпише со клубот ова лето или никогаш да не го засили шпанскиот гигант не вроди плод, а навивачите на Барселона добија ново големо разочарување откако тој ја доби популарната „десетка“ во Атлетик Билбао и посака да испише историја како легендата на клубот Мунаин.
„Горд сум на тоа што го добив дресот со број десет на Мунаин. Сакам да испишам историја како што испиша тој“, изјави Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

