Париската туристичка организација денеска објави дека за време на периодот на Летните олимписките игри помеѓу 23 јули и 11 август, 11.2 милиони посетители учествувале во активности поврзани со Олимпијадата во регионот на француската престолнина.
Бројот на посетители на Париз е непроменет во однос на истиот период минатата година и нешто помал од очекуваните 11.3 милиони.
Според извештаите, 85 отсто од посетителите биле Французи, а 15 отсто гости од странство, пред се Американци, Германци и Британци, пренесува Фигаро.
Зголемување на бројот на ноќевања е забележано и во другите градови каде се одржуваа Олимписките игри, како Лил или Марсеј, а вкупната проценета добивка на француските хотелиери е 357 милиони евра.
Спротивно на тоа, бројот на посети на париските ресторани, музеи и туристички атракции, како што е Дизниленд, е намален во споредба со истиот период минатата година, бидејќи посетителите на Олимписките игри имаат малку различни преференции во споредба со стандардните туристи кои го посетуваат Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

