Кадетите ја надиграа Украина за прв триумф на Европското првенство

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија стигна до првата победа на Европското првенство кое се одржува во Подгорица откако триумфираше во првиот натпревар за пласман од 17. до 24. позиција против Украина со 26-21.

По изедначеното прво полувреме кое го одбележа играта „гол за гол“ и заврши со нерешен резултат 10-10, избраниците на Наум Танески ги земаа работите во свои раце. Серијата од 5-0 донесе македонска предност од 19-14 во 42. минута од средбата по што следеше мирен финиш во кој „црвено-жолтите“ умешно го одбија налетот на противникот недозволувајќи резултатко приклучување.

Со осум голови Ристевски беше прво име кај Македонија, а него го следеа Митев со шест голови и Пецаноски со пет голови. Одличен настап имаше и голманот Николовски кој запиша 13 одбрани.

Се вчитува...