Официјално: Хулијан Алварез е нов фудбалер на Атлетико Мадрид

Аргентинскиот репрезентативец и официјално е нов фудбалер на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид откако денеска беше потпишан шест годишен договор.

Дваесетичетиригодишниот на „Ванда Метрополитано“ се сели од редовите на Манчестер Сити за кој настапуваше од 2022 година, одигра 103 натпревари, постигна 36 голови и освои шест големи трофеи. Овој трансфер ќе го чини Атлетико Мадрид 75 милиони евра, а сумата се очекува да биде зголемена на вкупни 95 милиони евра преку бонуси.

Се вчитува...