Шпанскиот голман Давид де Хеа година дена помина надвор од фудбалските терени откако истече неговиот договор со Манчестер Јунајтед во 2023 година, но на паузата и дојде крајот. Тој во новата сезона ќе биде дел од Фиорентина која официјално го претстави како нов чувар на мрежата.
Говорејќи за медиумите Де Хеа откри дека ниту во еден момент не помислил на пензионирање само му било тешко да најде мотивација за ново поглавие по повеќе од една деценија помината во англискиот гигант.
„Никогаш не размислував да ги закачам ракавиците на клин. Ми беше само тешко да најдам мотивација да започнам ново поглавие по 12 години во врвен клуб како Манчестер Јунајтед и конечно ја најдов во Фиорентина. Нормално, имав бројни понуди од други клубови. Но, се одлучив да се пробам во Серија А, а Фиорентина ми го олесни изборот“, вели Де Хеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА