Барселона не помина согласно посакувањата на „генералката“ пред стартот на сезоната, па играчите на Ханси Флик беа испратени и со свирежи од „Монжуик“ по убедливиот пораз од 0-3 од Монако.
Каталонскиот тим дефинитивно ќе мора да биде на повисоко ниво во сабота на гостувањето на „Месталја“ против Валенсија ако сака позитивен старт под водство на Флик.
Германскиот стратег многу добро ги почувствува свирежите од навивачите на Барса, свесен веќе што го чека ако се продолжи на тој начин.
„Верувајте дека, без разлика на се, Барселона е подготвена за новата сезона. Го покажавме тоа во Америка, и покрај тоа што Монако ни покажа дека треба да коригираме некои работи. Сигурен сум дека во Валенсија се ќе биде поинаку. На првиот официјален натпревар се ќе биде поинаку“ – истакна Флик по добиената „шлаканица“ од Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

