Манчестер сити во септември го очекуваат судските сослушувања за дури 115 обвинениа во врска со кршењето на финанскиот фер-плеј.
Финансискиот фер-плеј, спротивно на очекуваното, досега најмалку грижа носеше на најбогатите клубови. Сепак, сега правдата би можела да го стигне Манчестер сити.
Англиски „Тајмс“ пренесува дека сослушувањето биле предвидено за ноември, но независната комисија проценила дека може да почне и во септември, доколку нема нови законски одложувања. Се проценува дека рочиштата ќе траат десет недели, по што ќе биде донесена одлуката на почетокот од 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА