МЗТ Скопје, Работнички и Арис се збогуваа од Лазо Лечиќ

Македонската кошаркарка денеска остана посиромашна за една голема легенда, откако Лазо Лечиќ почина на 85-годишна возраст. Најлегендарниот македонски тренер на сите времиња ја загуби најважната битка, а до семејствата стигаат пораки со сочувство од сите страни.

Лечиќ својата блескава тренерска кариера ја почна на чело на КК Работнички, а „центарци“ денеска се збогуваа од легендата…

„За жал мораме да се простиме од нашата најголемата легенда во историјата на македонската кошарка,кој беше дел и од нашиот Работнички!!! На 85 години почина Лазар Лечиќ, иконата на македонската кошарка. Еден од најистакнатите кошаркарски работници во Македонија, но и во екс Југославија. Човекот кој остави длабока трага и не само на кошарката на овие простори. Лазо беше тренер од највисока класа во свое време. Тој беше човекот кој важи за основоположник на македонската кошарка. 

По негово водство Работнички беше еден од најголемите клубови во некогашната држава, беше почитуван и респектиран. Благодарение на Лазо тој е еден од најзаслужните за изградба на салата во Градски Парк во 70тите години . Беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Југославија на СП 1970 година кога за првпат беше таа земја стана светски шампион. Во Македонија работеше и во Работнички Ад , а надвор работеше и како тренер на Арис. Беше добитник на неколку државни награди како и онаа “8 Септември“, објави КК Работнички.

Актуелниот македонски првак МЗТ Скопје на својата официјална веб-страница се збогуваше од Лечиќ…

„Синоќа во Скопје, на 85-годишна возраст, почина Лазар Лечиќ, човекот за кого слободно може да се каже дека ја измисли кошарката во Македонија. Популарниот Грк, меѓу другoтo, беше тренер и на МЗТ Скопје Аеродром и тоа во два наврати – прво во периодот помеѓу 1983 и 1988 година, кога нашиот клуб играше и две сезони во најсилната лига во поранешна СФР Југославија, а потоа и во 1996 година кога го освоивме трофејот во Купот на Македонија во салата „Градски парк“. Освен во нашиот клуб има работено и како предводник на Работнички, Никол Ферт, Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина и Арис. Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација, која во 1970 во Љубљана ја освои светската шампионска титула“, објави актуелниот шампион на Македонија.

Од Лечиќ се збогуваше игрчкиот тим Арис, на чие чело Македонецот се наоѓаше од 1990 до 1992 година, успевајќи да стигне до една шампионска титула и до еден трофеј во Купот на Грција.

„Лазарос замина да се сретне со Јанис за повторно да го водат Арис заедно „од горе“. Лазарос веќе не е овде, но тој никогаш нема да си замине, тој секогаш ќе биде во нашите срца, во нашата друша. Семејството на Арис тагува, Лазар Лечиќ, никогаш нема да те заборавиме“, порачаа од клубот од Солун.

Се вчитува...