Вардар ќе биде ослабен на стартот од новата натпреварувачка сезона, откако Португалецот Мигел Пинто мораше да биде опериран по болката во коленото.
Овој ракометар пристигна летово и требаше да биде засилување за позицијата десно крило по заминувањето на Ѓукиќ, но ќе мора да почека за своето деби за новиот клуб. Според првичните прогнози, паузата на Пинто ќе изнесува најмалку два месеца, што значи дека тој ќе ги пропушти дерби дуелите со Алкалоид и со Е. Пелистер што ќе се одиграат во текот на септември.
„Десното крило на Вардар, португалскиот интернационалец Мигеул Пинто успешно го оперираше менискусот на десното колено. Поради проблемите кои се појавија во подготвителниот период пред сезоната, беше решено оперативниот зафат да биде направен побрзо, и истиот го изврши др. Небојша Настов. Се очекува Пинто да се врати на теренот за 8-10 седмици, кога би требало да дебитира за Вардар. На Пинто му посакуваме успешна рехаблитација и брзо враќање на теренот“, објави РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА