Елмас добива конкуренција: Лајпциг потроши 21 милион евра на наследникот на Олмо

Елиф Елмас го очекува битка за првотимски статус во Лајпциг во новата бундеслигашка сезона откако овој клуб продолжи да носи засилувања пред стартот на шампионатот.

Најавите велеа дека Елмас има мала минутажа во ланската сезона за да се адаптира и потоа да биде еден од лидерите на тимот по заминувањата на Чави Симонс и на Дани Олмо. Сепак, Лајпциг најпрвин успеа да го врати Симонс со нова едногодишна позајмица од ПСЖ, за денеска и официјално да доведе нов фудбалер како замена за Олмо.

Станува збор за 19-годишниот Антонио Нуса, суперталентиран крилен фудбалер кој пристигнува од редовите на белгискиот првак Бриж. Лајпциг плати 21 милион евра за овој транфер, плус пет милиони врзани со неколку клаузули, а норвешкиот суперталент денеска потпиша петгодишен договор со овој бунделигаш.

Се вчитува...