Во светот на модерниот фудбал се поретки се примерите на лојалност и неалчност во трката за што повеќе пари. Затоа, за поздравување е односот на Алесандро Бастони, откако дефанзивецот на Интер јасно стави до знаење дека не е заинтресиран за трансфер и покрај неколкуте интересни понуди што ги имаше на маса летово.
Ливерпул и Тотенхем му нудеа на 25-годишниот италијански репрезентативец значително зголемување на платата, но Бастони со последната изјава јасно стави до знаење дека нема намера да си замине.
„Секако дека е убаво чувството да си ценет во светот на фудбалот. Сепак, кога се наоѓаш на место каде што си среќен, каде сите те сакаат и те ценат, нема зошто да си заминеш. Јас се чувствувам токму така во Интер, како важен член на ова семејство, не се срамам да го кажам тоа и сакам да останам уште долго“, порача Бастони.
Дефанзивецот има договор со Интер до 2028 година и повеќе од јасно е дека нема намера во блиска иднина да ги менува клупските бои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА