Војчех Шчесни од денеска ќе биде слободен играч откако Јувентус реши да го раскине договорот што го имаше со искусниот полски голман. Челниците на Јуве во изминатиот период се обидуваа да најдат купец за Полјакот, но по пропаднатиот трансфер во Ал Наср не се појави нов клуб што покажа посериозен интерес.
Јуве во меѓувреме го доведе Ди Грегорио како нов прв голман за наредната сезона, а тренерот Мота веќе стави до знаење дека Шчесни не е дел од плановите за тимот. Јувентус требаше да плати 13 милиони евра бруто за платата на ветеранот од последната година од неговиот договор, па беше постигната спогодба – Шчесни да добие нешто повеќе од половина од оваа сума и да стане слободен играч.
Тој ќе може без никаква отштета да го избере новиот клуб, но не е сигурно дека 34-годишниот ветеран воопшто ќе ја продолжи кариерата, по последните информации дека Шчесни сериозно размислува и за збогување со оваа професија и почеток на тренерска кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА