Поранешниот НБА кошаркар, а денешен тренер Чонси Билапс на американски подкаст направи споредба помеѓу француските репрезентативни „џинови“ Руди Гобер и Виктор Венбенјама.
Според поранешниот кошаркар на повеќе НБА тимови меѓу кои и Бостон, Њујорк, Детроит и ЛА Клиперс, а сегашен тренер на Портланд младиот Венбенјама ќе го засени Гобер и ќе ја освојува наградата за најдобар одбранбен играч на НБА лигата во следната деценија.
„Луди сте, тој не е како Гобер. Пазете, тој ќе ги освои следните десет награди за најдобар одбранбен играч“, изјави Билапс кој додаде дека за разлика од Гобер, Венбенјама може да се приспособи на денешната модерна одбрана.
„Вемби е тип на кошаркар кој може да биде на теренот во секој момент“
Руди Гобер досега освои три награди за најдобар одбранбен играч на НБА лигата, а Венбенјама ја одигра само првата сезона во најсилната кошаркарска конкуренција. Во дебитантската сезона сепак имаше огромно влијание во одбраната забележувајќи 3.6 блокови и 1.2 украдени топки по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА