Адриен Рабио пред неколку години си замина од ПСЖ како слободен играч по што се пресели во Јувентус, а летово на идентичен начин реши да го напушти и најтрофејниот италијански клуб.
Французинот минатиот месец ја одби и последната поунда за продолжување на соработката со Јуве, по што како слободен играч беше поврзуван со бројни клубови. Засега тој не е ниту блиску до договор со ниту еден од овие тимови, а една од главните причини се огромните побарување од страна на неговата мајка Вероника, која дејствува како менаџерка на фудбалерот.
Галатасарај покажуваше сериозен интерес за да го доведе Рабио летово, но турските медиуми откриваат детали од она што Французинот го барал од актуелниот првак на Турција.
„Галата навистина сакаше да го купи, но она што го побара мајка му беше неверојатно. Раби бараше седум милиони евра бонус за самиот потпис, плус плата од седум милиони евра за едногодишен договор. Згора на тоа, и пет милиони евра за мајка му како бонус за посредник во трансферот. Тој бараше 19 милиони евра за една сезона, па после луѓето се прашуваат зошто Галата не купува вакви играчи. Затоа што не му ни требаат“, пишува турскиот новинар Угур Каракулукчу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

