Атлетико не запира: После Алварез доаѓа уште едно големо засилување

Францускиот репрезентативец Нголо Канте би можел да стане нов играч на Атлетико Мадрид. Според шпанските медиуми, Канте е подготвен значително да ги намали своите побарувања за да се врати во Европа.

Атлетико веќе оствари контакт со братот и претставникот на Канте и истакнува дека францускиот играч е голема желба на тренерот Диего Симеоне, кој во него гледа одлично засилување во средниот ред.

Канте е член на Ал Итихад, но по одличните игри на овогодинешното Европско првенство го привлече вниманието на европските гиганти.

Атлетико летово веќе ги донесе во своите редови Робин Ле Норман, Хулијан Алварез и Александре Сорлот, а евентуалното доаѓање на Канте би го комплетирал исклучителниот преоден рок.

Се вчитува...