Информацијата која ја пренесоа шпанските медиуми дека Луис Дијаз ќе стане нов фудбалер на Манчестер Сити беше експресно отфрлена од страна на актуелниот шампион на Премиерлигата назначувајќи ја оваа вест како лажна.
Според „Ел Чирингуито“, Манчестер Сити постигнал договор за трансфер вреден 60 милиони фунти со Ливерпул за услугите на 27-годишниот колумбиски крилен играч од кој се очекуваше да потпише и петгодишен договор со клубот кој доминира во елитниот англиски шампионат во последните години.
Дијаз кој го засили Ливерпул во 2022 година ова лето се поврзува со трансфери во повеќе европски гиганти како Барселона и ПСЖ, а за него има интерес и од Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

