Македонија со победа над Австрија ја заврши групната фаза

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација ја оствари третата победа во групата на ЕП „Б“ дивизија, откако вечерва во Кале ја совлада селекцијата на Австрија со 95-88. Сепак, пред овој меч стана јасно дека Македонија е елиминирана, откако Шведска славеше над Естонија.

После почетното водство на Австрија, Македонија целосно се врати во мечот, и во втората и третата четвртина направи предност која покажа дека е недостижна за противникот.

Австријците се обидоа во последната четвртина да се врати, но не успеа. Најефикасен беше Цветковски со 25 поени.

Сега македонската селекција ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место. Македонија и идната година ќе се натпреварува во Б-дивизијата.

Се вчитува...