Жозе Мурињо и Фенербахче доживеаја болна елиминација од Лил во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Фенербахче постигна гол за продолженија во самата завршница а доби и играч предност по исклучувањето за Лил, но место сето тоа да биде предност за Турците, на крај францускиот тим профитираше од случувањата на теренот. Лил од пенал во продолженијата израмни на 1-1 и се пласираше во завршното бараж коло во Лигата на шампиони.
Мурињо по мечот не го криеше револтот од арбитражата на шпанскиот судија Санчес Мартинез.
„Подобро да не кажам се што мислам, подобро да не зборувам за пеналот. Кога ќе видам какви инциденти се случија против мене во последно време, губам желба да зборувам. Само судијата знае зошто досуди пенал, само тој и луѓето во ВАР собата. Јас сум горд на мојот тим, а го респектирам и противникот. Тие победија користејќи свои оружја, но тоа го дозволи судијата“ – рече Мурињо по синоќешниот натпревар.
🎙️ Onur Özkan: Fenerbahçe camiasında, “Şampiyonlar Ligi’nde finale kalma şansımız yok, Avrupa Ligi’ne gidelim!” şeklinde avuntunun kabul göreceğini düşünmüyorum. pic.twitter.com/CK2UP9DDOS
— A Spor (@aspor) August 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА