Столе Димитриевски пред неколку недели стана член на Валенсија, а за местото прв голман ќе треба да се бори со Георги Мамардашвили, особено ако Грузиецот не го напушти клубот. Во моментот тој тренира со Валенсија, но чека разврска околу неговиот трансфер во странство.
Имаше заинтересирани екипи, Баерн Минхен, Челси, а сега најконкретен е Ливерпул кој сака да го ангажира одличниот Грузиец. Но, „црвените“ немаат план веднаш да сметаат на него, туку да го испратат на позајмица во следните две години, па потоа да биде прв чувар на мрежата на тимот од Енфилд. Се споменува дека би можел да биде испратен во Борнмут.
Ако МАмардашвили направи трансфер во Ливерпул, тогаш повеќе ќе нема дилеми дека Димитриевски ќе стане прв голман на Валенсија. А, ако не се реализира трансферот на Мамардашвили, тогаш варијанта е и враќање на Димитриевски во Рајо како позајмен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА