Македонскиот кошаркарски прволигаш Феникс 2010 денеска го официјализираше второто летно засилување. Станува збор за Американецот Адам Сисе кој во Прва лига доаѓа по сезона помината на Универзитетот Мејн, а претходно настапувал и за Универзитетот Менхетен.
Дваесетитригодишникот висок 208 сантиметри кој е добро познат по атлетизмот и фантастичната заштита на рекетот изминатата сезона настапи на 30 натпревари во силната НЦАА дивизија бележејќи просек од 3.7 поени, 4.0 скокови и 1.4 блокови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА