НБА засилување на Асвел (ФОТО)

Францускиот евролигаш Асвел му посака добредојде дома на францускиот репрезентативец Тео Маледон кој се враќа на добро познатото место на кое настапуваше од 2017 до 2020 година и воедно од каде што замина во НБА лигата.

„Преку барата“ овој 23-годишен бек настапуваше за Оклахома, Шарлот и Феникс одигрувајќи 177 натпревари на кои просечно бележеше 7.8 поени, 2.8 скокови и 2.9 асистенции.

Тој беше дел од француската репрезентација која на Евробаскетот во 2022 година го освои сребрениот медал.

Се вчитува...