Тим од Андора на пат кон Рига „изгубил“ тројца играчи

Фудбалерите на Санта Колома од Андора имаа возбудливо патување во Летонија каде го играат натпреварот од третото коло од квалификациите за Лигата на Европа.

Фудбалерите на тимот на Андора имаат историска можност да ја надополнат предноста од 2:0 на тимот на РФС од првиот натпревар за пласман во едно од европските натпреварувања.

Но, пред овој натпревар се соочија со одредени проблеми. Поради проблеми на аеродромот, тројца првотимци и добар дел од стручниот штаб не се качија на летот, па во вторникот не пристигнаа во главниот град на Летонија.

Андорците се обидуваат да ја смират ситуацијата, уверувајќи ги навивачите дека нема проблем, и дека сите играчи ќе бидат при рака до почетокот на натпреварот.

Во случај екипата на Санта Колома да не биде успешна во ова коло од квалификациите, во плеј-офот за пласман во Конференциската лига ќе се сретне со поразениот од дуелот меѓу Флора и Викингур.

Се вчитува...