Аргентинецот Пауоло Дибала ова лето може да реализира шокантен и неочекуван трансфер во првенството на Саудиска Арабија каде постои сериозен интерес од страна на Ал Кадсија, открива доброупатниот Фабрицио Романо.
Фудбалерот и саудискиот клуб веќе имале успешни преговори за тригодишен договор па за официјализирање на преминот останува уште да бидат договорени условите со Рома со оглед на тоа што откупната клуазула од 12 милиони евра која ја имаше во договорот со италијанскиот клуб заврши во месец јули.
Овој трансфер доаѓа како големо изненадување со оглед на тоа Дибала изминатата сезона беше еден од клучните фудбалери на Рома, но раководството на тимот и тренерот Даниеле де Роси се одлучија за драстични промени со тоа што акцентот ќе биде ставен на помладите фудбалери, пренесуваат италијанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА