Марсело Брозовиќ после 99 настапи за Хрватска се одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Брозовиќ се одлучи повеќе да не игра за „коцкастите“, и со тоа остава огромна „дупка“ во Хрватска.
Претходно од Хрватска се откажа и Иван Ракитиќ, а од легендарното трио остана само Лука Модриќ.
Во исто време и холандскиот репрезентативец Дејли Блинд исто така стави крај на кариерата во Холандија. Блинд има само 108 настапи за „лалињата“. Во моментов е дел од Жирона, а беше дел и од Манчестер Јунајтед, Ајакс, Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА