Официјално: Јувентус по седум години се раздели со првиот голман

После седум години, Јувентус ќе има нова „единица“ откако денеска и официјално се реши да се раздели со Војчех Шчесни. Полскиот голман дојде во Торино од тимот на Арсенал, како замена за легендарниот Буфон, и веднаш го зазеде своето место меѓу диреците. За екипата одигра 252 натпревари, од кои 200 во Серија „А“.

Како следна дестинација се споменува Садуиска Арабија, откако пропадна можноста да се приклучи на Комо.

„Шчесни ќе го паметиме како одличен играч и човек кој го носеше нашиот дрес со гордост и професионализам. Ти благодариме и ти посакуваме многу успеси во иднина“, стои во објавата на Јувентус.

Се вчитува...