Кристијано Роналдо продолжи да испишува фудбалска историја и на 39-годишна возраст откако Португалецот го предводеше својот Ал Наср до триумф од 2-0 над Ал Таувон во полуфиналето од Супер-купот на Саудиска Арабија.
Тој асистираше при првиот гол што го постигна Јахија, за во второто полувреме, Кристијано самиот да се запише меѓу стрелците и да стави печат на победата која значи пласман во финалето против шампионот Ал Хилал.
Она што е најважно, Кристијано стана прв во историјата што успеал да постигне најмалку по еден гол во 23 последователни сезони во светскиот фудбал. Тој првиот гол го постигна во дресот на Спортинг во 2002 година, а во 2024 се уште е напаст за противничките дефанзивци.
GOAL NUMBER 896 FOR THE GREAT CRISTIANO RONALDO 🐐pic.twitter.com/0ad1bMXamO
— fan (@NoodleHairCR7) August 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

