Јаник Синер успешно го стартуваше настапот на Мастерс-турнирот во Синсинати откако славеше со 2-0 во сетови над 19-годишниот Американец Алекс Микелсен.
Италијанскиот тенисер не делуваше премногу моќно на теренот, па на теренот мина нецели два часа (вкупно 151 минута) за да го скрши отпорот на младиот Американец. Негов следен противник ќе биде подобриот од вечерашниот дуел меѓу Баез и Томпсон.
Јапонецот Накашима приреди изненадување со победата од 2-1 над домашниот миленик Тејлор Фриц, а пласман во следната рунда обезбеди и Циципас по триумфот од 2-1 против Германецот Штруф.
Интересно беше и на дуелот меѓу Руне и Беретини, на кој Норвежанецот се врати од негатива од 0-1 во сетови и триумфираше со конечни 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

