Мбапе е гол-машина: Прв меч и веднаш стрелец за Реал Мадрид (видео)

Килијан Мбапе не можеше да посака подобро деби во дресот на Реал Мадрид откако францускиот ас успеа да се запише меѓу стрелците во премиерниoт дуел за актуелниот европски првак, и тоа на мечот против Аталанта во Супер-купот на Европа што се игра во Бергамо.

Големиот ас по само неколку дена тренинзи со новите соиграчи доби шанса да биде стартер од тренерот Анчелоти и максимално ја оправда довербата, постигнувајќи прекрасен погодок на асистенција на Белингем за водство од 2-0, откако Валверде претходно го отвори резултатот во корист на Реал.

Голот на Мбапе за водство од 2-0 на Реал Мадрид против Аталанта можете да го погледнете ОВДЕ.

Се вчитува...