Калвин Филипс е на добар пат да го напушти Манчестер Сити откако на поранешниот фудбалер на Лидс јасно му беше ставено до знаење дека ниту оваа сезона нема да биде дел од плановите на Пеп Гвардиола.
Тој го мина вториот дел од ланската сезона во Вест хем, но не се прослави и „чеканите“ решија да не го откупат неговиот договор со Сити. Високата плата што ја зема кај „граѓаните“ е причина тој да не сака да се пресели перманентно во нов клуб, па затоа челниците на Сити договорија нова позајмица, при која тие ќе покриваат половина од примањата на поранешниот англиски репрезентативец.
Ипсвич ќе биде новиот клуб на Филипс откако двете управи ги договориле сите детали за едногодишната позајмица на искусниот играч за врска. Со тоа, новиот премиерлигаш ќе добие на искуство при камбекот во елитното друштво, додека Сити ќе се ослободи од играч што Гвардиола секако го смета за прекуброен во својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА