Италијанецот кој беше суспендиран поради обложување, се враќа на фудбалот

Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали од 28 август повторно ќе може да игра за Њукасл, соопшти денеска англискиот клуб. Во соопштението се наведува дека Тонали се враќа во тимот по десетмесечна суспензија поради недозволено обложување.

-Клубот доби официјална потврда од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) дека суспензијата на нашиот играч истекува на 27 август – се додава во соопштението.

Тонали (24) пристигна во Њукасл во јули 2023 година од Милан за 70 милиони евра, а за англискиот клуб одигра 12 натпревари.

Во октомври минатата година, ФИГЦ го суспендираше италијанскиот фудбалер на десет месеци поради кршење на правилата за обложување на натпревари. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) тогаш одобри казната изречена од ФИГЦ да важи и за Англија. Тонали мораше да помине и осуммесечна програма за рехабилитација.

Се вчитува...