Српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ зад себе има многу слаби настапи на ЕУРО во Германија каде „орлите“ не успеаја да се пласираат во втората фаза од турнирот.
После тоа се појавија информации дека СМС и Александар Митровиќ би можеле да ја напуштат селекцијата на Србија, а Драган Стојковиќ разговарал со него и со Александар Митровиќ.
– Драган Стојковиќ разговараше со Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ. Разговорите биле крајно коректни, а од двајцата добил идентичен одговор. Дека секогаш ќе одговара на поканата на репрезентацијата – коментира споменатиот портал извор близок до ФСС.
Ваквата вест е важна откако Душан Тадиќ изјави дека повеќе нема да игра за репрезентацијата, а потоа во јавноста се појавија шпекулации дека и други играчи потенцијално размислуваат за истото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА