По информациите дека хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ би можел да направи трансфер во Барселона, со оглед дека наводно Ханс Флик го сакал во својот тим, се огласија и шпанските медиуми.
Од таму најавуваат дека Барселона нема никакви преговори со Хрватот, и дека доаѓање на левокрилниот играч во Барселона е нереална опција.
„Според изворите кои ги контактиравме, Перишиќ нема да биде дел од Барселона. Од клубот тврдат дека тоа не е реална опција за тој 35-годишен играч, и ја отфрлаат секоја можност на негово приклучување во тимот поради Ханс Флик“, стои во објавата на каталонски „Спорт“.
Перишиќ после само неколку месеци заминува од Хајдук, и би можел кариерата да ја продолжи во Италија или во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА