Македонскиот кајакар Љубомир Спасиќ го освои третото место на првото официјално светско првенство во Мастерс А кое се одржува во Саберо, Шпанија.
Спасиќ трката ја заврши со време 20:16.34, или за 1:37 послабо време од шампионот Лорен Маритин од Франција и за само 0.62 послабо време од второпласираниот Ксавијер Миралес Пратс од Шпанија.
„Задоволен сум од својот настап на Светското првенство и ако имав шанса за пласман на второто место кое ми побегна за нешто повеќе од пола секунда“ – истакна Спасиќ по трката.
Сениорите, пак, во тимскиот настап во состав Кристијан Лазаров, Благој Гугинов и Александар Златаров завршија на 13. место.
„Утре ни престојат настапи во спринт – класик на 5.9 километри и спринт на 300 метри. Класик се вози и тимски и индивидуално“ – вели Спасиќ.
Во сабота, македонската кајакарска репрезентација составена од четворица кајакари членови на ККК „Арка Борец“ од Велес ќе се натпреваруваат тимски на спринт. Светското кајак првенство Мастерс А се одржува на реката Рио Есла во Саберо Шпанија од 14 до 18 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

